Арда Туран од Барселона на позајмица во Истанбул Башакшехир

И официјално Арда Туран пронајде нов клуб…

Турскиот фудбалер оди на позајмица од Барселона во редовите на Истанбул Башакшехир и тоа дури во траење од две и пол години.

Од 2015. година за каталонскиот гигант одигра вкупно 55 натпревари, реализираше вкупно 15 голови и освои шест трофеи.

Да потсетиме, дојде на „Камп Ноу“ од Атлетико Мадрид за 34 милиони евра, и беше потпишан пет-годишен договор.

Го имаше дебито на 6. јануари 2016 год. против Еспањол во рамките од Копа дел Реј, а не се заборава ниту неговиот хет-трик во Лигата на шампионите против Борусија Менхенгладбах на 7. декември 2016 год.

Претходно 30-годишниот играч за врска во нападот во кариерата беше дел уште од Галатасарај и Манисаспор (позајмица).

Моментно Истанбул Башакшехир оваа сезона во најсилното турско првенство после 17. кола е на првата позиција со 36 бодови, еден повеќе од Галатасарај, а трет е Фенербахче (33).