Арда Туран на „радарот“ на Арсенал

Арсенал ја следи ситуацијата со Арда Туран во Барселона, пренесува „Дејли Мирор“.

Од една страна турскиот интернационалец посакува поголема минутажа на терените, а од друга „топчиите“ се надеваат дека ќе го донесат играчот од средниот ред на „Емирати“ во јануари.

Исто така за 30-годишниот фудбалер е заинтересиран и составот на Галатасарај. Севкупно досега во дресот на Барса има 36 натпревари и пет голови со една титула во Примера и шпанскиот Суперкуп и два трофеи од Копа дел Реј.