Анчелоти не сака да биде селектор на Италија

Трофејниот стручњак ја одби понудата на Фудбалската федерација на Италија да ја води репрезентацијата…

Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Карло Анчелоти пред неколку дена бил на разговори во Рим со официјалните лица од федерацијата, Алесандро Костакурта и Роберто Фабричини и после кратко размислување дал негативен одговор.

Анчелоти кој е без тренерска функција од заминувањето од Баерн во септември минатата година, се шпекулира дека е во трка за менаџерската улога на Арсенал, односно биде замената за Арсен Венгер кој пак одлучи да се раздели со „топчиите“ на крајот од оваа сезона.

Како најсериозни кандидати за селекторската клупа на Италија остануваат Роберто Манчини и Клаудио Раниери.