Алонсо во Барса, се планира нов договор за Умтити!?

Ѕвездата на Челзи Маркос Алонсо е следена од Барселона, пренесуваат шпанските медиуми.

Каталонските гиганти се во потрага по долго-рочна замена за Жорди Алба, и имаат намера да испратат понуда до „сините“ од Лондон во текот на следниот преоден рок.

Исто така, Барса планира да го продолжи договорот со Самуел Умтити. Францускиот интернационалец се промовираше како една од клучните фигури во делот на одбраната.

Да потсетиме, тој дојде од екипата на Лион на „Камп Ноу“ за сума од 25 милиони евра. Тој има важечки договор со клубот до 2021. година со 60 милиони евра ослободителна клаузула, но можно е во блиска иднина да се продолжи уште повеќе и подобро соработката.