Алкантара и Мбапе од наредната сезона во Премиерлигата!?

Играчите на Баерн Минхен и ПСЖ се наоѓаат на летната трансфер листа желби кај менаџерот на Манчестер Сити…

Пеп Гвардиола планира од наредната сезона да ги обезбеди услугите на Тиаго Алкантара и Килијан Мбапе во намерата да ја одбрани титулата во Премиерлигата.

Според британските медиуми, „граѓаните“ имаат намера да доведат три клучни засилувања за во првиот состав, исто така на „радарот“ на тимот од „Етихад“ се наоѓа и фудбалерот на Кристал Палас, Вилфрид Заха.