Алиоски со двајца нови соиграчи во Лидс Јунајтед

Во овој зимски преоден рок Лидс Јунајтед успеа да ангажира двајца нови фудбалери.

Нови тимски колеги на македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски ќе бидат Апо Халме и Јосуке Идегучи.

19-годишниот Халме доаѓа од финската екипа на ХЈК Хелсинки со потпишан четири-годишен договор. Со ХЈК беше шампион во првенството на Финска минатата година, а исто така има настапи и за У19 тимот на својата земја.

Халме најпрвин ќе му се придружи на У23 тимот на Лидс кај тренерот Карлос Корберан кој ќе ги следи неговите перформанси.

Јапонскиот играч од средниот ред Идегучи (21) е досегашен член на Гамба Осака кој својот договор треба да го финализира наредната седмица после задолжителните лекарски прегледи.

За Гамба Осака имаше 60 мечеви и осум погодоци, а има и 11 натпревари и два голови за јапонската репрезентација.