Агуеро знае каде ќе ја заврши кариерата!?

Според британските медиуми, Серхио Агуеро нема да ја заврши кариерата во Англија…

Неговиот договор со Манчестер Сити истекува во 2019. година, а информациите велат дека ќе се врати во својот поранешен клуб Индепендиенте во Аргентина.

Аргентинецот им се придружи на „граѓаните“ во 2011. година, доаѓајќи од шпанската екипа на Атлетико Мадрид, а потсетување дека неговата кареира ја започна во клубот од Буенос Аирес.

Во текот на шесте години во Манчестер, се промовираше во еден од најдобрите напаѓачи во Европа, со неговиот гол против Наполи во ЛШ го надмина рекордот на Ерик Брук од 178 погодоци станувајќи клупски рекордер.

Според зборовите на 29-годишниот Агуеро, иако неговиот потпис го посакуваат Милан и Реал Мадрид, нема да го урне сонот на Индепендиенте.