Агуеро: Во 2020 година ќе се вратам во Аргентина!

„Договорот со Манчестер Сити ми истекува за две години, а кога ќе заврши се враќам дома во Индепендиенте“, рече Агуеро.

Аргентинскиот голгетер за „Фокс спорт“ изјави дека ќе се врати во матичниот клуб во 2020. година кога ќе заврши соработката со „граѓаните“.

Овој 29-годишен фудбалер вкупно девет години помина во Индепендиенте, пред да се пресели во Европа, поточно во редовите на екипата на Атлетико Мадрид.

На „Етихад“ ја игра седмата сезона и имаше голем придонес во освојувањето на двете шампионски титули во Премиерлигата, една од нив со погодок во 97. минута за победа над КПР (3:2) во последното коло.

И оваа сезона има одлични настапи, досега има учинок од 30. постигнати голови во сите натпреварувања. Манчестер Сити го освои Лига купот, на добар пат е повторно да биде на врвот во Премиерлигата, а потсетување дека во четвртфиналето од Лигата на шампионите ќе се сретне со Ливерпул.