15 ДЕНА ЛУД ФИНИШ: „Ел Класико“ и уште седум мега европски фудбалски пресметки!

До крајот на натпреварувачка фудбалска година останаа уште точно 15 дена.

Пред самиот крај на годината, 2017-та ќе понуди нови големи фудбалски спектакли ширум европскиот континент.

Секако, три големи пресметки ни доаѓаат од Премиерлигата, потоа две во италијанската Серија А, а по една од Примера, германскиот Куп (осминафинале) и италијанскиот Куп (четвртфинале).

Секако, најголемо внимание ќе привлече новото „Ел Класико“ кое што ќе се одигра на „Сантјаго Бернабеу“ помеѓу Реал Мадрид и Барселона.

Тоа ќе биде официјално 236-от, а севкупно 270-от дерби меч помеѓу најголемите ривали на шпанскиот дел од Пиринеите.

Исто така, овој натпревар е многу важен и за табелата во Примера, ако Каталонците ги задржат осумте големи бодови предност до дербито, актуелниот светски, европски и шпански шампион ќе мора да игра на се или ништо во обидот да го намали заостанувањето, а Барса од друга би „побегнала“ на +11 и практично можеби да стави крај на шампионската титула.

Исто така, интересен е и податокот што Барселона последните два пати славеше како гостин во Мадрид (Примера), а истото го направи и Реал на „Камп Ноу“ на последните две гостувања.

16. декември 2017 година, Манчестер Сити-Тотенхем (18:30 ч.)

20. декември 2017 година, Баерн Минхен-Борусија Дортмунд (20:45 ч.)

22. декември 2017 година, Арсенал-Ливерпул (20:45 ч.)

23. декември 2017 година, Евертон-Челзи (13:30 ч.)

23. декември 2017 година, Реал Мадрид-Барселона (13:00 ч.)

23. декември 2017 година, Јувентус-Рома (20:45 ч.)

27. декември 2017 година, Милан-Интер (20:00 ч.)

30. декември 2017 година, Интер-Лацио (18:00 ч.)