Фаворитите за светската титула во 2018: Како предвидуваат обложувалниците? (ФОТО)

Неодамна ги дознавме сите 32. репрезентации кои ќе учествуваат наредната година на Светското првенство во Русија.

Ждрепката за формирање на групите ќе се одржи на 1. декември 2017 год. во Москва по што ќе се увидат уште подобро шансите на селекциите за тоа колку далеку би стигнале евентуално на Мундијалот.

Дотогаш светските популарни обложувалници започнаа со своите предвидувања и квотите на репрезентациите, на првото место е шампионот Германија, на второто Бразил, трета Франција, четврта Шпанија, итн.