Сигурен Јунајтед, јубилеј на Лукаку – Санчез конечно блесна на „Олд Трафорд“! (ФОТО, ВИДЕО)

„Црвените ѓаволи“ со 21. победа сезонава се вратија на втората позиција во генералниот пласман…

Денеска во 32. коло од најсилната англиска фудбалска лига составот на Манчестер Јунајтед пред своите гледачи со 2:0 го совлада Свонси.

Стрелци на головите за домашната екипа против „лебедите“ на стадионот “Олд Трафорд“ беа Лукаку во петтата минута, а асистентот на тој погодок Санчез го постави конечниот епилог во 20-та.

Да додадеме уште дека Лукаку се наоѓа во Топ 5 листата на најмлади играчи со 100 постигнати голови во Премиерлигата заедно со Мајкл Овен, Роби Фаулер, Вејн Руни и Хари Кејн.

Белгиецот е петтиот најмлад играч во историјата на Премиерлигата со постигнати 100 голови во натпреварувањето, односно најмладиот странски фудбалер.

Премиерлига, 32. коло

Сабота:

Кристал Палас-Ливерпул 1:2
Брајтон-Лестер 0:2
Манчестер Јунајтед-Свонси 2:0
Њукасл-Хадерсфилд 1:0
Вотфорд-Борнмут 2:2
Вест Бромвич-Барнли 1:2
Вест Хем-Саутемптон 3:0

Евертон-Манчестер Сити 1:3

Табела:

1.Манчестер Сити 84 бодови
2.Манчестер Јунајтед 68
3.Ливерпул 66
4.Тотенхем 61
5.Челзи 56
6.Арсенал 48

18.Саутемптон 28
19.Стоук 27
20.Вест Бромвич 20


Манчестер Юнайтед – Суонси. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 32 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.