Проблеми за Гвардиола: Грубо фаулиран Де Брујн, уште полошо за Жезус! (ФОТО, ВИДЕО)

После ремито без голови против Кристал Палас на гостински терен проблеми со повреди на двајца важни играчи предводени од менаџерот Пе Гвардиола.

Во 23. минута од средбата на „Селхурст парк“ во Лондон и по втор пат се повреди напаѓачот на Манчестер Сити, Габриел Жезус.

И самиот Бразилец сфати колку може да биде сериозна повредата, па во солзи го напушти теренот, а според првичните информации ќе мора паузира нешто повеќе од еден месец.

Исто така лошо помина и белгискиот интернационалец Кевин де Брујн после грубиот прекршок на Панчион. „Со Кевин бевме среќни, не знам колкава е тежината на повредата, но досега бевме среќни во минатото“, рече Гвардиола.

Сега останува прашањето дали Гвардиола после ваквите новогодишни проблеми ќе биде активен во јануари кога ќе започне зимскиот преоден рок.