Примера: Реал Мадрид го декласираше Депортиво, Роналдо со крваво селфи! (ВИДЕО)

Кристијано Роналдо постигна два гола за Реал Мадрид во победата над Депортиво Ла Коруња (7:1), а натпреварот го заврши со крвава глава.

Најдобриот фудбаер на Реал го прекина постот и постигна погодок после повеќе од еден месец, но дуелот против Депортиво ќе го памети и по лошо.

Португалецот во еден момент доби удар во лице и почна да крвари, клупскиот лекар веднаш му ја санираше повредата, а Роналдо во меѓувреме го зеде мобилниот телефон да погледне како изгледа.

На мечот Реал-Депортиво 7:1, по два гола имаа уште Бејл и Начо, а еден Модриќ, додека на спротивната страна Адриан стрелаше во 23. минута кога фактички му донесе изненадувачко водство на гостите, а потоа следуваше големиот пресврт.

На табелата после 10. триумф „кралевите“ се на четвртото место со 35 бодови, 16 помалку зад Барселона која има и меч помалку.


Реал Мадрид – Депортиво . Обзор матча. Чемпионат Испании 2017/18. 20 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.