Премиерлига: Сон и Обианг со спектакуларни голови на „Вембли“ (ВИДЕО)

Вечерва во 21. коло од најсилното англиско фудбалско првенство…

На стадионот „Вембли“ стадионот во Лондон ремизираа екипите на Тотенхем и Вест Хем со резултат 1:1.

Погодоците беа реализирани во текот на второто полувреме, фантастични кои можат веќе да се најдат во изборот за најубав на годината.

Најпрвин Шпанецот Обианг им донесе водство на „чеканите“ во 70-та, а домаќините израмнија преку интернационалецот од Јужна Кореја, Хјунг-Мин во 84. минута од средбата.

Тоа беше крај на серијата од три победи во низа за Тотенхем и моментно е на петтото место со 41 бод, додека Вест после седмото реми сезонава е на 15. позиција со 22.