Премиерлига: Лингард го спаси Јунајтед, но Челзи опасно му се доближи! (ВИДЕО)

Се одиграа седум натпревари од 20. коло во најсилното англиско фудбалско првенство…

Составот на Манчестер Јунајтед повторно ги разочарува своите навивачи, откако на домашен терен со 2:2 ремизираше со Барнли.

Изненадувачки водеа гостите после првото полувреме со головите на Барнс уште во третата минута, а во 36-та зголеми Дефур.

Во вториот дел херој на „црвените ѓаволи“ беше Лингард кој најпрвин намали во 53-та, а во 91. минута донесе бод.

Челзи го искористи ова реми на Јунајтед со домашен триумф над Брајтон со погодоците реализирани во второто полувреме преку Мората и Алонсо.

Сега на табелата избраниците на менаџерот Жозе Мурињо имаат 43. бодови на втората позиција, но само еден повеќе од оние на Антонио Конте на третото место.

Премиерлига, 20. коло

Тотенхем-Саутемптон 5:2
Борнмут-Вест Хем 3:3
Челзи-Брајтон 2:0
Хадерсфилд-Стоук 1:1
Манчестер Јунајтед-Барнли 2:2
Вотфорд-Лестер 2:1

Манчестер Юнайтед – Бернли. Обзор матча. АПЛ, Тур 20 от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.

Челси – Брайтон. Обзор матча. Англия. Премьер-лига 2017/18. 20 тур. от ФУТБОЛЬНЫЕ ОБЗОРЫ на Rutube.