Потврдено: Шведска без Ихрахимовиќ на Мундијалот во Русија 2018!

Фудбалската федерација на Шведска објави денеска дека Златан Ибрахимовиќ нема да се врати од репрезентативната пензија…

Така, Швеѓаните без „Ибракадабра“ ќе настапат на Светското првенство во Русија ова лето каде што се наоѓаат во група со светскиот шампион Германија, Мексико и Јужна Кореја.

Откако одлучи после ЕП 2016 да се повлече од репрезентавниот дрес, медиумите започнаа често да шпекулираат дека Ибра би можел повторно да се врати во националната селекција и биде дел од наредниот Мундијал.

Разговаравме со Златан во вторникот. Рече дека не ја променил својата одлука, што значи дека нема да оди на Светското првенство оваа година“, стои во официјалното соопштение на директорот на шведската фудбалска федерација, Ларс Рихт.

Да додадеме уште дека 36-годишниот Ибрахимовиќ е најдобриот стрелец со 62 голови во историјата на репрезентацијата на Шведска за која настапил вкупно 116. пати.