Мора на операција: Игуаин ќе го пропушти дербито во Серија А!

Напаѓачот на Јувентус ќе го пропушти дербито на 15. коло во Серија А против Наполи операција на раката.

На овој начин Гонзало Игуаин нема да доживее нова „лавина на навреди“ од навивачите на Наполи со оглед на тоа што направи трансфер токму од овој клуб во Торино минатата година.

Да потсетиме, лани доби голем број на свирежи на „Сан Паоло“, бидејќи фановите не можеа така лесно да го прифатат трансферот во лутиот ривал.

Наполи после 14. кола сезонава моментно е на првото место во генералниот пласман со 38 бодови, додека „Старата дама“ има четири помалку.

Дуелот помеѓу Наполи и Јувентус ќе се игра в петок (1. декември) од 20:45 часот на стадионот „Сан Паоло“ во Неапол.