ЛШ: Прв полуфинален дуел вечерва помеѓу Ливерпул и Рома на „Енфилд“! (ФОТО, ВИДЕО)

Ливерпул вечерва од 20:45 часот ќе ја пречека Рома во првиот натпревар од полуфиналето во Лигата на шампионите…

Дуелот на стадионот „Енфилд“ ќе биде интересен поради фактот што премиерлигашот е предводен од првиот стрелец во Англија, Мохамед Салах со 31 гол и тоа токму против својот поранешен клуб од Рим.

Се очекува да биде главен адут во составот на германскиот менаџер Јирген Клоп, Египќанецот признава дека ова ќе биде емотивен момент за него, иако во редовите на римската „волчица“ помина „само“ две години.

Секој ден контактирам со поранешните соиграчи. Нема да ми биде лесно, бидејќи ја сакам Рома, градот и тие мене. Ме знаат како играм, а од друга страна сакам оваа сезона со Ливерпул да ја освојам титулата во ЛШ“, рече Салах.

Калчолигашот ќе биде мотивиран и има причина за реванш, откако во 2002. година беше елиминиран од „Редси“ во рамките од групната фаза.

Воедно италијанскиот претставник ќе игра и против традицијата, бидејќи ги загубил сите шест елиминациски рунди со англиските екипи.