Лидс Јунајтед изненадувачки елиминиран во ФА Купот!

Лидс на македонскиот интернационалец Езгјан Алиоски, кој не беше денеска во составот, е шокантно „исфрлен“ од англиското фудбалско натпреварување.

Уште во третото коло е елиминиран од екипата на Њупорт со конечен резултат 2:1. Најпрвин водеше после првото полувреме со голот на Берарди уште во деветтата минута од средбата.

Но, домаќините направија целосен пресврт во вториот дел, најпрвин беше израмнето во 76. минута после автоголот на Шонеси, а за 2:1 се погрижи МекКулски во 89. минута.

Целосното разочарување беше заокружено во самиот финиш од мечот, кога црвен доби шпанскиот фудбалер Саиз во 91. минута.

Шрезбери и Вест Хем ќе одиграат нов дуел, откако ремизираа без голови (0:0), а вчера понатамошен пласман обезбедија уште Мидлзбро, Питерборо, Бирмингем, Хал Сити, Хадерсфилд, Нотс Каунти, Ковентри, Рочдејл, ВБА, Саутемптон, Шефилд Јунајтед, Манчестер Сити, Милвол, Њукасл, Милтон Кијнс Донс, Вотфорд, Престон и Јеовил.