Дали сте знаеле? Алардајс има поголема плата од Бенитез, Емери, Симеоне…! (ФОТО)

Сем Алардајс денеска официјално е промовиран како нов менаџер на Евертон, а заинтригира неговата плата.

„Биг Сем“ е човек со големо искуство во фудбалот, тренираше многу клубови, па и репрезентацијата на Англија, многу добро знае да ја врати самодовербата кај играчите, а токму во таква ситуација се наоѓа моментно тимот од „Гудисон Парк“.

Потпиша договор до крајот на следната сезона, а за тој период ќе има плата од девет милиони фунти. Само за наредната сезона ќе добие шест милиони фунти, што го прави еден од најплатените менаџери на светот.