Балотели и се е можно: „Супер Марио“ во мото-бајк трка! (ВИДЕО)

Италијанскиот фудбалер објави еден видео запис од него и негов пријател во мали мини-бајк мотори во трка и тоа среде фудбалско игралиште.

На оваа трка Марио Балотели или популарниот „Супер Марио“ триумфираше во оваа трка, додека неговиот противник „заглави“ уште на самиот почеток од патеката.

Наскоро Балотели треба да им се врати на клупските обврски, тој настапува во француската екипа на Ница во чиј дрес сезонава има девет натпревари, седум голови и една асистенција. Моментно Ница во Лига 1 после осум кола е на 10. позиција со 10 бодови.