Зивчевиќ блеска на првенствените мечеви во Катар

Поранешниот македонски репрезентативец (31) Ненад Зивчевиќ покажува одлични партии на првенствените мечеви во Катар.

И покрај тоа што неговиот клуб Ал Ахли загуби дома убедливо на последната средба одиграна во вторник од Ал Харафа (114:85), беше топ стрелец со 36 поени, додаде пет скока и четири асистенции.

Индивидуално Зивчевиќ има многу добра сезона, статистички 24.2 поени, 7.2 скокови и 4.0 асистенции просечно по меч.

Во генералниот пласман на шампионатот Ал Ахли после 10 одиграни средби е на последното деветто место со 11 бодови.