Заре Марковски е нов селектор на Романија

И официјално потврди Романската кошаркарска федерација дека Заре Марковски ќе биде новиот селектор на нивната сениорска репрезентација.

Потсетување, тој беше спортски директор на Македонската кошаркарска федерација. Искусниот стратег ќе го води националниот тим на Романија во претстојните квалификации за СП 2019 во групата Д со Италија, Холандија и Хрватска.

Според програмата својот прв меч од тие квалификации ќе го има во Торино против Италија каде што го помина најголемиот дел од својата тренерска кариера водејќи на пр. клубови како Динамо Сасари, Виртус Болоња, Олимпиа Милано и др.

Моментно 56-годишниот Маркоски го води турскиот состав на Трабзонспор.