Жалгирис и Фенербахче се првите учесници на Ф4 турнирот во Евролигата

Кошаркарите на Жалгирис во Каунас во четвртиот натпревар од четвртфиналната серија го совлада Олимпијакос со резултат 101:91.

Избраниците на тренерот Шарунас Јасикевичиус славеа со 3:1 во серијата против големиот фаворит од Грција предводени во последната победа од Кевин Пангос со 21 поен и Едгарас Улановас со 20 поени (девет скокови).

На спротивната страна за Василис Спанулис реализираше 19 поени и шест асистенции, два коша помалку уфрли Јанис Стрелниекс.

Освен литванскиот клуб, настап на Фајнл-фор турнирот оваа сезона во Евролигата обезбеди и турскиот великан Фенербахче кој исто така славеше со 3:1 после триумфот од 92:83 против Баскониа.

Кај тимот на Жељко Обрадовиќ најефикасни беа Марко Гудуриќ со 22 поени и Николо Мели со 20, а кај шпанскиот состав прв стрелец беше Винсет Порије со 14 поени.

Наскоро ќе ги дознаеме и останатите полуфиналисти, денеска од 19:00 часот ќе играат Химки-ЦСКА Москва (1:2) и од 21:00 ч. силите ќе ги одмерат Реал Мадрид-Панатинаикос (2:1).

Да додадеме уште дека Ф4 турнирот сезонава во најквалитетната европска кошаркарска лига ќе се игра во периодот од 18-20. мај 2018 год. во Белград, Србија.