За Евролигата Перо Антиќ е Србин!? (ФОТО)

Од оваа сезона македонскиот кошаркар настапува во редовите на српскиот шампион Црвена Звезда.

Перо Антиќ минатата сезона со турскиот состав на Фенербахче успеа да ја освои титулата во Евролигата.

Денеска и официјално започнуваат натпреварите од новата сезона 2016/2017, а „црвено-белите“ утре во првиот меч ќе играат кај литванскиот Жалгирис Каунас (19:00 ч.), додека вечерва Турците одбраната на трофејот ја започнуваат на гости кај шпанската Уникаха (21:00 ч.)

На официјалниот веб сајт на Евролигата ги има сите информации околу сите екипи кои партиципираат оваа година, како и за самите играчи.

Според европската кошаркарска куќа, за Перо Антиќ националност е напишано дека е Србин.