Втора рунда од дербито Бадел 1862 и Вардар

Возбудувањата во Првата лига во женска сениорска конкуренција продолжуваат и претстојниот викенд.

Нови два натпревари се на распоредот од кои и дерби натпреварот помеѓу скопските екипи. Првиот дуел на агендата за овој викенд е втората рунда од дербито во Првата лига во женската конкуренција помеѓу актуелниот шампион Бадел 1862 и освојувачот на трофејот од Државниот Куп за оваа календарска година Вардар.

Во првата рунда, во рамки на третото коло триумфираа Баделки на гостински терен со резултат 73-90. Вардарки имаат шанса за искупување и доближување на бод помалку до лидерот на табелата кој засега им „бега“ со три бода.

Мечот ќе се одигра во салата „Независна Македонија“ в сабота во 16:00 часот. Осмото коло ќе го заокружат екипите на Трокал и Струга со меѓусебен дуел, закажан за в недела со почеток на пладне (12:00). Ова коло слободна е екипата на Пелистер.

И по седум поминати кола Бадел 1862 продолжува доминира во Првата лига во женската сениорска конкуренција. Баделки во минатото коло на гостувањето во Струга запишаа нови два бода на своето конто со кое остануваат стационирани безбедно на врвот на табелата со максимални 12 бода.

Зад нив составот на Вардар продолжува да им „дише во врат“. Последните два бода Вардарки ги запишаа против кошаркарките на Пелистер кои ги совладаа на домашен терен. Слободна екипа во Првата лига за ова седмо коло беше екипата на Трокал.

РЕЗУЛТАТИ 7. коло ПЛЖ
Вардар – Пелистер 62-42
Струга 2009 – Бадел 1862 36-108

Двојки 8. коло ПЛЖ
Трокал – Струга (17. декември 12:00 часот)
Бадел 1862 – Вардар (16. декември 16:00 часот)