Влезот за Македонија-Хрватска ќе биде отворен: Сениорките заслужуваат поддршка!

Македонската национална селекција во женска сениорска конкуренција деновиве се подготвува за двата натпревари кои им претстојат на распоредот во рамки на квалификациите за Евробаскет 2019.

Сениорките в сабота (10. февруари, 20:45 ч.) ќе ја пречекаат репрезентацијата на Хрватска со која првпат ќе се пресметаме во рамки на евроквалификациите. Четири дена подоцна сениорките повторно ќе си ги одмерат силите со Италија, на гостински терен.

На натпреварот против Хрватска ќе ја бараме нашата шанса, истакна Ивана Кметовска на првиот собир, а на нејзините зборови се надоврзаа и капитенот Анџелика Митрашиновиќ како и селекторот Марјан Лазовски. Поддршката од трибините ќе биде и тоа како потребна.

Вратите од ВИП арената при спортскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје ќе бидат отворени за сите љубители на спортот со портокаловата топка кои ќе сакаат да ги поддржат нашите репрезентативки.

Фото: mkf.mk