Убедлив триумф на Хендрикс и Галатасарај против Пинар Каршијака

Во рамките од 18. коло во најсилното турско кошаркарско првенство, домашен триумф за екипата на Галатасарај.

Галата пред своите верни навивачи со резултат 98:82 успеа да слави против тимот на Пинар Каршијака за вкупно седма победа сезонава.

Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс придонесе во освојувањето на новите бодови со девет постигнати поени.

На табелата Галатасарај е на 10. позиција со 25 бодови и во следното коло на 18. февруари ќе гостува кај Фенербахче.

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-НОВИ БОДОВИ ЗА МЕГА И САМАРЏИСКИ ВО АБА ЛИГАТА-

Во 20. коло од АБА регионалната кошаркарска лига значајни бодови освои Мега Бемакс.

Во српскиот дуел на домашен терен со 74:72 триумфираше над ФМП со важна победа во борбата за опстанок.

Кај домаќините македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски имаше само три минути со еден неуспешен обид од поле, еден дефанзивен скок и една загубена топка.

На табелата Мега е на сигурната деветта позиција со 27 бодови и во следното коло на 5. март ќе гостува во Хрватска кај Задар.