У15: Македонските репрезентативци на турнир во Софија

Македонската машка селекција до 15 години која е дел од ФИБА проектот насловен како „Заедно до У16“ на почетокот на идниот месец ќе земе учество на турнир во Софија, Бугарија.

На 31. октомври и на 1. ноември ќе се одржат тренинзи на селекцијата во Скопје. Првиот тренинг е закажан за ден 31. октомври 2017 година со почеток во 11 часот и 30 минути во СРЦ КАЛЕ (мала сала).

Патувањето за Софија е на ден 2. ноември во 17:00 часот пред Дрво Декор. Селекторот на оваа селекција, Александар Јованчев, ги повика следните 13 кошаркари на кои ќе смета за турнирот:

Лука Савичевиќ – КК Вардар
Васил Јаневски – КК Ангели
Драго Стојановиќ – КК Вардар
Михаил Наумоски – КК Вардар
Андреј Андоновски – КК Феникс
Љубиша Димитровски – КК Феникс
Стефан Јовановски- КК Вардар
Никола Груевски – КК Вардар
Марко Величковски – КК Вардар
Бранко Шуменковски – КК Вардар
Богдан Стошиќ – КК Пинк Пантери
Славчо Трајковски – КК МЗТ Скопје Аеродром
Кристијан Столевски – КК Кетс баскетбал