У15 и У16 репрезентациите после Белград ќе продолжат со натпревари во Турција

Репрезентативците до 15 и до 16 години претстојниот јануари ќе заминат в Белград каде ќе одиграат неколку пријателски натпревари.

Подготовките за овој турнир ќе започнат на 3. јануари, 2018 година во Скопје. Тренинзите ќе се одржуваат во малата сала на „Кале“ и ќе траат до 9. јануари кога ќе се замине за Белград.

Нашите млади репрезентативни кошаркари ќе одиграат по четири натпревари со младински клубови од Србија, а потоа ќе заминат за Истанбул каде ќе продолжат со истото темпо, одигрувајќи неколку пријателски натпревари со своите врсници.

ПРВ ТРЕНИНГ (3. јануари, 2018 година, мала сала „Кале“)
9:00 – 10:30 тренинг – М15
10.30 – 12:00 тренинг – М16

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ; ТУРНИР Србија

М15
10. јануари, 2018 година
19:30
МАКЕДОНИЈА – Црвена Звезда
11. јануари, 2018 година
19:00
МАКЕДОНИЈА – Земун
12. јануари, 2018 година
19:00
МАКЕДОНИЈА – Партизан
13. јануари, 2018 година
10:00
МАКЕДОНИЈА – Мега Лекс

М16
10. јануари, 2018 година
21:30
МАКЕДОНИЈА – Црвена Звезда
11. јануари, 2018 година
21:00
МАКЕДОНИЈА – Земун
12. јануари, 2018 година
21:00
МАКЕДОНИЈА – Партизан
13. јануари, 2018 година
12:00
МАКЕДОНИЈА – Мега Лекс

ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ:

-БЛАГОДАРНОСТ ДО МЕПСО ОД МКФ

Македонската кошаркарска федерација сака да упати јавна благодарност до компанијата МЕПСО за поддршката на националниот тим во женска сениорска конкуренција.

Реномираната компанија застана зад сениорките кои првпат по три години неактивност повторно им се вратија на репрезентативните активноти.

Сениорките изминатиот ноември ја започнаа мисијата „Евробаскет 2019“ натпреварувајќи се во квалификациите за Европското првенство што во 2019 година ќе се одржи во Летонија и во Србија. Вториот прозорец од овие квалификации ќе се одигра идниот февруари, 2018 година.