Турција: Стојановски солиден во победата над Газиантеп!

Денеска во рамките од петтото коло во најсилното турско кошаркарско првенство составот на Бујукчекмече убедливо дома со 98:78 го совлада Газиантеп.

Македонскиот интернационалец Војдан Стојановски придонесе во победата со девет поени за нешто над 23 и пол минути игра (3/5 од поле, 1/1 за три), додаде седум скокови и две асистенции.

На тој начин е прекината серијата од три порази по ред во првенството, беше постигнат вториот триумф сезонава за моментно осмо место со седум бодови.

Во следното коло ќе игра на гости кај Галатасарај на 11. ноември 2017 год.