Турција: Стојановски со 10 поени во триумфот над шампионот во Еврокупот

Неодамна Дарушафака го освои трофејот во Еврокупот и воедно си обезбеди настап во Евролигата наредната сезона…

Денеска во рамките од 25. коло во најсилното турско кошаркарско првенство не ја оправда фаворитската улога на гостувањето кај Бујукчекмече и загуби со 77:75.

Во изненадувачката победа на домаќините придонесе македонскиот интернационалец Војдан Стојановски кој за нешто над 27. и пол минути игра на паркетот забележа 10 поени, додаде три асистенции и еден скок.

И покрај новиот триумф Бујукчекмече е далеку зад позициите кои водат во плеј-офот, моментно е на 13. место со 33 бодови.