Турција: Репрезентативецот Хендрикс прв стрелец со „дабл-дабл“ против Бешикташ!

Во 26. коло од најсилното турско кошаркарско првенство, нова победа за екипата на Галатасарај…

На домашен терен Галата успеа да го совлада тимот на Бешикташ со конечен резултат 77:73 за моментно деветто место на табелата со 37 бодови.

Одличен во триумфот беше македонскиот репрезентативец Ричард Хендрикс кој за 31. минута игра на паркетот беше прв стрелец со „дабл-дабл“ учинок од 22 поени и 11 скокови (три асистенции).

Триумф забележа и Бујукчекмече пред своите гледачи над Трабзонспор (81-75), а во новите бодови придонес имаше нашиот интернационалец Војдан Стојановски кој постигна 10 поени за нешто над 34 и пол. минути игра (два скокови). На табелата неговиот клуб е на 12. место со 35 бодови и се наоѓа во безбедната зона.

-ШПАНИЈА: ВАЖНИ БОДОВИ ЗА ДИМИТРИЈЕВИЌ И ХУВЕНТУД-

Во 29. коло од најквалитетната шпанска кошаркарска лига, тимот на Хувентуд дојде до значаен триумф на гости минимално со 79:80 против Сан Пабло Бургос.

Плејмејкерот Ненад Димитријевиќ за скоро осум и пол минути на тереот имаше два поени (по еден скок и асистенција).

Моментно е на 15. место во безбедната зона со 16 бодови, а во следното Хувентуд ќе игра на гостински терен против Мурсија.