Турција: Хендрикс со 17 поени во новиот меч за Галатасарај

Денеска во 27. коло од најсилното турско кошаркарско првенство нов пораз за екипата на Галатасарај…

На гостувањето кај составот на Сакарја, тимот на Галата загуби со конечен резултат 75:73, иако после првата четвртина водеше со 14:23.

Од друга страна, радува новиот одличен настап за македонскиот репрезентативец Ричард Хендрикс кој забележа 17 поени.

Ова е воедно уште еден чекор назад за Галата во битката за Топ 8 позициите кои водат во плеј-офот. На три кола до крајот регуларниот дел од сезоната, тимот е на 10. место со 38 бодови, два помалку зад осмопласираниот Ескишехир кој пак има низа од четири победи во серија.

Војдан Стојановски за скоро 26. минути игра постигна осум поени (три асистенции, два скокови, една украдена топка), во новиот пораз на Бујукчекмече на гостувањето кај Јесилгиресун.

Во генералниот пласман Бујукчекмече е далеку зад местата кои водат во плеј-офот и моментно е на 12-та позиција со 36 бодови.