Турција: „Десетка“ за Стојановски, нов пораз за Галата и Хендрикс!

Во 13. коло од најсилното турско кошаркарско првенство порази претрпеа екипите на Галатасарај и Бујукчекмече.

Галатасарај го доживеа и третиот пораз во низа на гостувањето кај Истанбул ББ со конечен резултат 74:67. Американецот со македонски пасош Ричард Хендрикс постигна девет поени.

Водеше Бујукчекмече после првиот дел кај Тофаш со 40:42, но на крајот загуби од домаќинот со конечни 92:88. Нашиот репрезентативец Војдан Стојановски забележа 10 поени.

На табелата Бујучекмече е на 10. место со 18 бодови, а истиот учинок го има и Галата на 11. позиција.

АБА лига, 14. коло

-Самарџиски не настапи против Морнар Бар-

Македонскиот интернационалец Предраг Самарџиски не настапи поради повреда во поразот на српската Мега кај црногорскиот Морнар (87:83).

Во генералниот пласман на регионалното натпреварување Мега Бемакс е на 10. позиција со 18 бодови, додека Морнар Бар е шестопласиран со седум.