Турција: Чекор назад во борбата за плеј-оф на Бујукчекмече и Стојановски

Денеска во 14. коло од турската кошаркарска Суперлига изненадувачки пораз дома за Бујукчекмече.

Пред своите гледачи претрпе пораз од последнорангираниот Ушаф Спортиф со конечен резултат 78:84, иако на полувремето водеше со 38:34.

Македонскиот интернационалец Војдан Стојановски имаше учинок од седум поени, додека најефикасен кај домаќините беше Рајт со 20 поени.

На табелата Бујукчекмече после вториот пораз по ред е на 10. позиција со 19. бодови и во следното коло на гостувањето со Бешикташ на 13. јануари.