Турција: 12 поени на Хендрикс, продолжува негативната серија на Стојановски и Бујукчекмече!

Во рамките од 24. коло на турскиот кошаркарски шампионат составот на Галатасарај загуби на домашен терен од Тофас со 83:90.

Кај домаќините настапи македонскиот репрезентативец Ричард Хендрикс кој за скоро 25. минути игра на паркетот забележа 12 поени (девет скокови, осум асистенции).

Пораз претрпе и Бујукчекмече кај Ескишехир со конечен резултат 76:72, а нашиот интернационалец Војдан Стојановски постигна 14 поени (три скокови, две асистенции) за скоро 34. минути игра.

На табелата Галата е на 10. место со 34 бодови, додека Бујукчекмече кој го доживеа и шестиот пораз во низа е на 12. позиција со 31 бод.