Трета победа за македонските кошаркари во евро-претквалификациите 2021!

Македонската сениорска репрезентација го постигна она што го зацрта – триумф над Словачка за максимални три победи во групата А од претквалификациите за Евробаскет 2021.

Ричард Хендрикс, Бојан Трајковски и Војдан Стојановски беа особено расположени за игра, а тоа се виде и на теренот.

Селекторот Давитков им даде шанса на сите играчи со кои располагаше во ростерот, а Македонија запиша уште една победа со која се стационира на врвот на табелата.

Хендрикс забележа 23 поени (13 скокови, шест асистенции), следен од Трајковски со 14 поени (четири скокови) и В. Стојановски со 13 поени (седум асистенции, четири украдени и пет загубени топки).

На спротивната страна по 17 поени имаа Куриц (пет загубени топки) и Корнер (по пет скокови и загубени топки), 12 поени имаше Билик.

МАКЕДОНИЈА – Словачка 87-74 (25-21, 27-16, 18-20, 17-17)

Група А, претквалификации ЕП 2021

1. коло Словачка-Македонија 66:74
2. коло Македонија-Швајцарија 83:68

3. коло Македонија-Словачка 87:74
4. коло Швајцарија-Македонија 28. јуни 2018 год.

Табела:

1.Македонија 6 бодови
2.Швајцарија 3
3.Словачка 3

Фото: mkf.mk