Трајковски: Жално е за навивачите кои се вратија на трибините! (ФОТО, ВИДЕО)

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром остануваат на две победи сезонава во АБА-лигата, откако денеска загубија на домашен терен од Морнар (69-72) во меч од 11. коло од регионалното натпреварување.

Градевме нешто цели 35 минути, но за 2-3 мнути се отиде во вода. За разлика од претходните натпревари, овој пат покажавме енергија. Жално е, се боревме, направивме се речиси како што треба, но на крајот попуштивме.

Од утре вртиме нов лист, ќе видиме каде грешиме, каде има напредок и со тренинзи и напорна работа ќе пробаме да ги исправиме сите недостатоци.

Жално е за навивачите кои се вратија на трибините што не ги израдувавме со победа. Ќе ни бидат од големо значење, со нив е сосема друго. Создаваат енергија и еуфорија, работи кои и тоа како ќе ни бидат од помош“, рече кошаркарот на МЗТ, Бојан Трајковски.

Следниот за македонскиот шампион е веќе задутре на гости кај Кожув во склоп на 9. коло од Првата лига, додека следниот викенд ќе му гостува на Партизан.

 

Фото: MZT Skopje Aerodrom/Dragan Mitreski