Трајковски во Топ 5 најдобри потези на колото во АБА лигата! (ВИДЕО)

Македонскиот кошаркар кој ги брани боите на нашиот шампион МЗТ Скопје Аеродром…

Бојан Трајковски се најде на петтата позиција во Топ 5 најдобри потези на 15. коло во АБА регионалната лига.

Во изборот се наоѓаат уште Александар Лазиќ (Мега Бемакс), Филип Човиќ/Мајкл Оџо (ФМП), Кевин Марфи (Цедевита) и на првото место Немања Дангубиќ (Црвена Звезда).

Во домашниот пораз со 68:77 од босанската Игокеа, Трајковски имаше 12 поени (шест скокови).