Трајковски најдобар стрелец на колото во АБА лигата (ФОТО)

Признание за македонскиот кошаркар во АБА лигата…

Со 30 постигнати поени во убедливиот пораз на гостувањето кај Црвена звезда, кошаркарот на МЗТ Скопје Аеродром, Бојан Трајковски, го доби признанието за најефикасен игра на шестото коло во АБА-лигата, со девет поени повеќе пред Дерек Нидам од Морнар и Никола Ребиќ од Мега Бемакс.

МВП признанието за најкорисен кошаркар на рундата заврши во рацете на еден поранешен член на „металците“, станува збор за Урош Луковиќ кој одигра блескаво во триумфот на Морнар на домашен терен против Задар.

Миленикот на публиката средбата против задрани ја заврши со 18 поени, седум скока и четири блокади односно вкупна валоризација од 31, што беше најголема меѓу сите кошаркари во регионалното натпреварување.