Трајковски: Ако јас сум проблемот, уште вечерва ќе си заминам од МЗТ! (ВИДЕО)

После новиот пораз на македонскиот кошаркарски клуб во АБА лигата од словенечката екипа Петрол Олимпија…

Свои изјави дадоа тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Жељко Лукајиќ и играчот Бојан Трајковски кои се разочарани од резултатите кои што се покажуваат оваа сезона во регионалното натпреварување.

Бојан Трајковски, кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром:

Срамота. Немам што друго да кажам за овој меч. Слушнав негативни коментари на моја сметак. Па, ако јас сум проблем, тогаш уште вечерва ќе седнам со управата и тренерите, и ќе си заминам од тука. Ако некои мислат дека така работите ќе се средат на подобро, тогаш веднаш ќе си одам“.

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Жељко Лукајиќ:

Тешко ми е да ги најдам вистинските зборови. Мора да анализираме што е досега направено и да направиме план како понатаму. Ни следува важен меч во првенството (Блокотехна на гости, 5. февруари), а во него влегуваме со лошо расположение. А, таман ја вратив самодоверната по првиот дел, дека личиме на тим“.

ВО ПРОДОЛЖЕНИЕ СЛУШНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ИЗЈАВА НА ТРЕНЕРОТ ЛУКАЈИЌ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈАТА ПОСЛЕ МЕЧОТ:

Фото: MZT Skopje Aerodrom/Dragan Mitreski – Dadi