Топ 5 најмлади играчи кои постигнале 20.000 поени во НБА лигата (ФОТО, ВИДЕО)

Доцна синоќа Кевин Дурент ја надмина границата од 20.000 илјади поени во дресот на Голден Стејт Вориорс.

„Воините“ без Стеф Кари и Клеј Томпсон загубија од Лос Анџелес Клиперс со резултат 125:106. Дурент постигна 40 поени, а вреди да се издвои и одличната партија во дресот на Клиперси, Лу Вилијамс кој имаше рекорд на кариерата од 50 поени.

Од друга страна, до бројата од 30.000 илјади поени дојдоа Карим-Абдул Џабар, Карл Мелоун, Коби Брајант, Мајкл Џордан, Вилт Чемберлејн и Дирк Новицки, а наскоро се очекува во овој „клуб“ да биде и Леброн Џејмс.

ТОП 5 НАЈМЛАДИ ИГРАЧИ КОИ ПОСТИГНАЛЕ 20.000 ИЛЈАДИ ПОЕНИ ВО НБА:

-ЛЕБРОН ЏЕЈМС (28 ГОДИНИ, 17 ДЕНА)
-КЕВИН ДУРЕНТ (29 ГОДИНИ, 103 ДЕНА)
-КОБИ БРАЈАНТ (29 ГОДИНИ, 122 ДЕНА)
-ВИЛТ ЧЕМБЕРЛЕЈН (29 ГОДИНИ, 134 ДЕНА)
-МАЈКЛ ЏОРДАН (29 ГОДИНИ, 326 ДЕНА)