Суперлига: Работнички му се реваншираше на Куманово!

Се одиграа два натпревари од осмото коло во Супер македонската кошаркарска лига…

Работнички му се реваншираше на Куманово за поразот (единствен оваа сезона) во рамките од третото коло на 11. април.

Денеска во салата „Градски парк“ избраниците на тренерот Марин Докузовски славеа убедливо со конечен резултат 109:76 (19:26, 26:14, 42:16, 22:20).

За домаќините прв стрелец беше Костов со 24 поени (шесат скокови), следен од Николовски со 17 поени (осум скокови), а кај гостите со 22 поени се истакна Ковач, додека капитенот Јанески запиша 21 кош и седум скокови.

На теренот во Гостивар домаќинот загуби од бранителот на шампионската титула МЗТ Скопје со конечен резултат 81:88 (18:20, 15:21, 22:24, 26:23).

Кај Гостивар доминираше Димчевски со 25 поени (четири скокови), а за аеродромскиот тим 26 поени (шест скокови, пет асистенции) забележа Симоновски.

Беше заокружена рундата со последниот трет меч помеѓу екипите на Блокотехна и АВ Охрид кој го доби гевгелискиот клуб со 98:79 (Мијатовиќ 19, Двејн 19/Ахметбашиќ 16).

Табела: Работнички 59 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 52, Блокотехна 52, Куманово 49, Гостивар 45, АВ Охрид 41.

Плеј-аут, резултати:

Карпош-Пелистер 83:99
Фени Индустри-Шкупи 117:81
Кожув-Струмица 82:75

Табела: Фени Индустри 47 бодови, Кожув 45, Пелистер 42, Шкупи 38, Карпош 36, Струмица 34.