Суперлига: „Фуриозен“ финиш на Работнички за победа во градското дерби против МЗТ!

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром како бранители на титулата не успеаја да излезат како победници во вечерашната градска пресметка против Работнички (74-92)…

Вечното дерби кое требаше да се одигра синоќа, беше одложено поради неисправен семафор во „Градски парк“ во склоп на 4. коло од Суперлигата, по што се одлучи мечот да се одигра во Гостивар.

„Сино-белите“ беа во водство во поголемиот дел од мечот, но снемаа сили во финишот поради скусената ротација поради неиграњето на повредените Дамјан Стојановски, Алексеј Нешовиќ и Андреј Маслинко.

Противникот тоа го искористи на најдобар начин и со 28-5 во последните шест минути направи резултатски пресврт и на крајот дојде до двата бода.

Марко Симоновски со 24 поени (осум тројки) беше најефикасен во редовите на „металците“, Андрија Бојиќ постигна 14, додека Бојан Трајковски средбата ја заврши со 11 поени и девет скока.

На спротивната страна за Работнички Еванс реализираше 19 поени (12 скокови, четири украдени топки), следен од Чековски и Костов (шест скокови) со по 14 поени.

На табелата води тимот на Докузовски со 51 бод, шест повеќе пред второпласираниот состав на Кочов. Четвртата рунда ќе биде комплетирана во вторник со дуелот Блокотехна-Куманово.

Фото: mztskopjeaerodrom.mk