Стојановски солиден против Фенербахче, 11 поени на Костоски со Орадеа!

Нови настапи за македонските интернационалци во Турција и Романија…

Во рамките од најсилното турско кошаркарско првенство Бујукчекмече загуби дома од Фенербахче со 80:88.

Војдан Стојановски во поразот на Бујукчекмече реализираше осум поени, а кај неговите тимски колеги доминираше Вокер со 26 поени.

На спротивната страна за Фенер Датоме забележа 16 поени, следен од Нунали (11), а Мели, Томпсон и Слукас имаа по 10.

Во најквалитетната романска лига составот на Питешти е поразен на гости кај тимот на Орадеа со конечен резултат 77:66.

Нашиот репрезентативен плејмејкер Александар Костоски во дресот на Питешти за нешто над 25 и пол минути игра забележа 11 поени (1/1 од поле, 3/5 од слободните фрлања), додаде еден офанзивен скок, една украдена, но и четири загубени топки.