Стојановски и Бујукчекмече на чекор од втората фаза во ФИБА Европа купот!

Во рамките од петтото претпоследно коло во првата фаза од ФИБА Европа купот вкупно четврти триумф за турскиот клуб.

На гостински терен Бујукчекмече освои важни бодови на гостувањето кај Белфиус Монс во Белгија славејќи со конечен резултат 64:69.

Македонскиот репрезентативец Војдан Стојановски придонесе во победата со 11 поени за 33 и пол минути игра (3/5 од поле, 1/4 за три поени, 2/2 од слободните фрлања), додаде еден скок, две асистенции, по една украдена и загубена топка.

На табелата води Бујукчекмече со девет бодови, пред Белфиус Монс и Сигал Приштина со по осум, последен е Химик Јужни (пет).

Во последното шесто коло екипата од Турција на 6. декември ќе гостува во Косово кај тимот на Сигал Приштина.