Шпанија: Мала минутажа за Димитријевиќ против Гран Канарија!

Денеска во 25. коло од најсилното шпанско кошаркарско првенство…

Составот на Хувентуд на домашен терен со конечен резултат 92:91 после едно одиграно продолжение (80:80) го совлада тимот на Гран Канарија.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ на паркетот беше само скоро три и пол. минути со два поени (0/1 од поле, 2/2 од слободните фрлања).

Хувентуд од една страна ја прекина долгата негативна серија на порази, но од друга останува на последното 18. место на табелата со 10 бодови.