Шпанија: Добро издание на Димитријевиќ против евролигашот Баскониа

Во рамките од осмото коло во најсилното шпанско првенство…

Екипата на Хувентуд загуби на гостувањето кај Баскониа со резултат 87:77.

Македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ беше втор стрелец за Хувентуд и за скоро 20 и пол минути игра имаше 11 поени (5/6 од поле, 0/4 за три поени, 1/1 од слободните фрлања), додаде по еден скок и асистенција.

Ова е петти пораз за Хувентуд сезонава и моментно 16. место со четири бодови, пред последнорангираните две екипи Сан Пабло Бургос и Реал Бетис кои што се во опасната зона за испаѓање.