Солиден Младеновски во Словенија, а мала минутажа за Самарџиски против Партизан!

Нови настапи за двајцата македонски кошаркарски центри кои се наоѓаат на поширокиот список за претстојните евро-претквалификации.

Во осмото коло од регионалната АБА лига на домашен терен во српската пресметка Мега Бемакс на домашен терен загуби од Партизан со 89:102.

Предраг Самарџиски во дресот на Мега немаше поени за скоро трите минути поминати на паркетот (0/2 од слободните фрлања), имаше само еден дефанзивен скок и една лична грешка.

Во шестото коло од најквалитетната словенечка лига Илирија како гостин загуби убедливо од Хопси Полжела со 95:76.

Во поразот Љубомир Младеновски за нешто над девет и пол минути игра имаше шест поени (3/4 од поле), додаде два скока, две украдени и три загубени топки.